Владата на САД останува затворена по петто неуспешно гласање во Сенатот за усвојување на мерки за финансирање, при што и демократскиот и републиканскиот предлог не го достигнаа неопходниот праг од 60 гласови. Илјадници федерални службеници веќе пет дена се на принуден одмор или работат без плата. Претседателот Доналд Трамп претходно предупреди дека уште едно неуспешно гласање може да доведе до масовни отпуштања. Демократите одбиваат да поддржат ...

Работниците на федерално ниво кои се испратени на принуден одмор за време на прекинот на работењето на американската влада веројатно нема автоматски да добијат надоместок, покажува нацрт-меморандумот на Белата куќа, до кој дојде Аксиос. Според документот, Белата куќа смета дека актот познат како Закон за правичен третман на владините службеници (GEFTA) од 2019 година не обезбедува загарантирана и автоматизирана исплата на неисплатените плати на ...