Осврнувајќи се на изминатите 34 години независност, Мицкоски рече дека тој како премиер и секој нареден ја има обврската да се поклони пред оние кои зборуваа за независноста, но и оние кои ја споделуваа надежта и копнежот за своја држава Најавувајќи неселективна правда, подобар животен стандард за граѓаните и борба да се зголеми наталитетот, Мицкоски се осврна и на едно, како што рече, големо потфрлање кое како држава го имаме речиси три и пол ...

На централната свеченост по повод 34-годишнината од осамостојувањето на Македонија, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека 8 Септември не е само датум, туку континуитет на жедта на македонскиот народ за слобода и своја држава. Препорачано „Денес повторно сме исправени пред времиња што бараат храброст и одлучност. И повторно мора да го направиме вистинскиот избор – изборот на работа, изборот на заедништво, изборот на иднина што ќе ја оставиме ...