Телефонската линија 070 355 526, отворена од Владата за поддршка на повредените и семејствата на настраданите во трагичниот пожар во Кочани, официјално започна со работа. Според владиниот портпарол Марија Митева, интересот е голем – веќе над 30 семејства се јавиле со предлози и конкретни барања. Митева, во интервју за ТВ Сител, потенцираше дека поддршката нема да биде еднократна, туку долгорочна и со повеќе форми. Таа истакна дека премиерот ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во интервју за Македонската радио телевизија истакна дека е во постојана комуникација со родителите на жртвите од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но не сака тоа да го користи за медиумски поени. Тој откри дека веќе остварил средби со дел од семејствата на настраданите. „Бев во Кочани и се сретнав со дел од родителите. Ќе направам сè што ми е должност како министер, но нема од ...