„Кралевите“ имаа шест од шест на стартот од новата сезона во Ла Лига, но денеска го забележаа првиот пораз, загубија на гостувањето на „Метрополитано“ кај лутиот градски ривал Атлетико. Во едно лудо прво полувреме, домаќините поведоа со голот на Ле Норман, но Реал Мадрид преку Мбапе и Ѓулер направи целосен пресврт, за Атлетико да изедначи на 2-2 во 48. минута. Во продолжението од мечот на сцена стапи Хулијан Алварез, кој најпрво од пенал донесе ...

Реал Мадрид го претрпе првиот сезонски пораз и тоа во дербито со градскиот ривал Атлетико Мадрид. Пораз како пораз секогаш боли и најдобро е де го избегнете, но овој негативен резултат никој не го очекуваше на „Бернабеу“ по одличните изданија во оваа кампања, но и поради фактот дека тимот водеше со 2-1 на „Метрополитано“. Меѓутоа домаќините до крајот на дуелот четирипати го матираа Куртоа и со 5-2 го потопија соседот од Мадрид. Хорхе Валдано е ...