Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за убиствата на Вања и на Панче. На минатото судење сведочеше обвинетиот Љупчо Палевски. Денеска треба да продолжи со вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на другите обвинети. Во процесот против мене Обвинителството користи лажни сведоци, тврдеше првообвинетиот за двојното убиството Палевски. Рече дека критичниот ден бил во партиското седиште, снимал поткаст, и комуницирал на социјалните мрежи. ...
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети. Во својот исказ Палевски на изминатото рочиште повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни. Палевски негираше вина дека учествувал во грабнувањето и убиството ...