Премиерот извести за агресивните дејствија на тајландските вооружени сили против Камбоџа во пограничните области, особено во областите околу храмовите Тамоне Том, Та Крабеј и Мом Беј, во провинциите Преах Вихер и Одар Минчи. -Од раните часови на 24 јули, тајландските вооружени сили извршија неиспровоцирани и намерни напади врз камбоџанските позиции по должината на границата, се вели во писмото. Камбоџа силно ги осудува „агресивните дејствија, ...

Камбоџа повика на итен и безусловен прекин на огнот во вооружениот судир со Тајланд, изјави нејзиниот постојан претставник во ОН, Кео Чеа, по синоќешната седница на Советот за безбедност во Њујорк, јави ДПА. – Бараме веднаш и без никакви услови да запре огнот. Повикуваме на мирно решавање на спорот, истакна дипломатот. Кео Чеа ги отфрли обвинувањата на Тајланд дека Камбоџа прва започнала со напад, посочувајќи дека камбоџанската армија брои само ...

Жестоки вооружени конфликти на границата Тензиите меѓу Тајланд и Камбоџа драматично се влошија, откако во најновите вооружени судири животот го загубија најмалку 12 лица. Над 40.000 цивили од 86 села се принудени на итна евакуација, додека двете страни веќе употребуваат артилериско оружје – тајландски ракети и камбоџанска тешка артилерија. Обвинувања за прекршување на територијален суверенитет Тајланд и Камбоџа со меѓусебни обвинувања. Камбоџа ...