Сите обвинетите се товарат за кривичното дело тешки дела против општата сигурност, со исклучок на еден, кој е обвинет за примање мито за изготвување на лажните лиценци за да може објектот да функционира како кабаре клуб Неполни три месеци од пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, Јавното обвинителство денеска соопшти дека поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за трагедијата во која загинаа 62 лица, а речиси 200 беа повредени. ...

„Денеска до Основен суд во Кочани се поднесува обвинителен акт против 34 физички и три правни лица за кривични дела со кои предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери, на место на кое се собрале поголем број на луѓе, односно за пожарот при настапот на музичката група ДНК на 16 март, каде што животот го загубија 62 лица, 157 се здобиле со тешки повреди и 54 лица со повреди“, изјави Коцевски. На ...