Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 октомври. Денеска е Св. апостол и евангелист Лука. Покрај дванаесетте, постоеја и други 70 апостоли. Во редот на тие 70 беше и свети Лука. Роден е во Антиохија. Во младоста ги изучи медицината и сликарската уметност. Тој ги наслика првите икони на Богородица, како и на првите меѓу апостолите Петар и Павле. Свети Лука е основачот на иконописот во Црквата. Му беше сопатник и соработник ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 октомври. Денеска е Преподобен Иларион Велики. Иларион се роди во селото Тавата, близу Газа во денешен Израел, од родители незнабошци. Во младоста ги изучи тогашните науки во Александрија, а потоа поверува во Бога и се крсти. Откако ја презре светската наука и го засака доблесниот живот, отиде во Египет и се учеше од свети Антониј Велики. Потоа се врати во Палестина и се подвизуваше ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 октомври. Денеска е Св. великомаченик Артемиј. Словенскиот збор маченик е изведен од грчкиот мартис, што значи, сведок. Во Црквата мачениците со својот живот, посебно со својата подготвеност да умрат за Христос, сведочеа за нивната вера дека Христос е Бог кој, на крајот од времето, ќе ги подигне од мртвите и ќе им даде живот во вечноста. Оттаму, Црквата ги нарекува великомаченици тие ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 октомври. Денеска е Св. Прохор Пчински. Свети Прохор живееше во единаесеттиот век. Се подвизуваше се до својата смрт под една карпа во близина на реката Пчиња. Заедно со свети Гаврил Лесновски и свети Јоаким Осоговски во Македонија ја продолжуваше исихастичката монашка традиција. Грчкиот збор исихиа во буквален превод значи тихување, тишина, но во Црквата тој термин го доби ...

