Младиот голман на Алкалоид, Иван Галевски, по победата над АЕК во Атина изјави дека тимот бил крајно мотивиран за добар резултат, воедно истакнувајќи дека сите биле свесни за тензичноста на натпреварот. Избраниците на Кирил Лазаров одиграа одлично и обезбедија предност од четири гола пред реваншот (25-29), а Галевски беше еден од хероите и одбрани дури пет седмерци на противничките играчи (пет од шест обиди), а мечот го заврши со вкупно девет ...

Александар Петковски и Алкалоид направија голем успех, победија во Атина кај АЕК во првиот меч од финалето на Европскиот Куп на ЕХФ со 29-25 и со четири гола позитива го чекаат реваншот во Скопје. По мечот, крилото ги сумира впечатоците и даде јавни честитки до сите играчи. „Прво, сакам да им честитам на сите играчи за нашата борбеност, мислам дека тоа беше доста пресудно овој меч. Имавме време, влеговме максимално уште од стартот и тоа се ...