Емотивно беше да се видат на терен со капитенските траки на рацете двата поранешни европски прваци, Христо Стоичков и Горан Пандев. Двајцата ги водеа ветеранските селекции на Бугарија и Македонија во хуманитаниот натпревар во Варна. Македонија славеше со 2-3, а комплетниот приход е за семејствата на трагично загинатите во несреќата во дискотека во Кочани. Горан Пандев не го криеше одушевувањето од идејата и гостопримството. „Сакам од името на ...
Македонската фудбалска звезда Горан Пандев не го криеше задоволството од идејата да се одигра овој меч и гостопримството на домаќинот. „Сакам од името на Македонија, од името на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија да ви се заблагодарам. Прво на најголемиот, Христо Стоичков, па на сите останати за прекрасната организација. За нас беше чест да играме со најдобрата генерација на бугарскиот фудбал. Се надевам дека ќе ни бидете ...