„Денеска сум во општина Босилово, каде што имаше тематски состанок, разговаравме за откупот на земјоделски производи, младиот компир од реколта 2025 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „На состанокот заедно со откупувачите на оваа култура, како Министерство, како вистински медијатор седнавме и разговаравме за продолжување на откупот на компирот од оваа реколта“, појасни министерот. ...
Откупната цена на компирот ќе се зголеми за 5, и во наредните 10 дена ќе се откупува по 35 денари за килограм. Ваков договор постигнаа откупувачите на средбата со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, откако градинарите почнаа да реагираат за намалување на цената. Со разговори и договори со земјоделците и откупувачите може да се очекува сигурен откуп. Така беше со зелката, а сега и со младиот компир- кажа министерот. Според него, досега ...