Добивај вести на Viber Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја уапсија И.Д.(67) од Битола, вработена во Клиничка болница Битола заради сомнение за сторено кривично дело „Примање поткуп“. Во изјава за МИА, портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова истакна дека се преземаат мерки за расветлување на пријавениот настан и поднесување на кривична пријава. ...
Обвинителството побара куќен притвор за 67 годишната очна докторка од Клиничката болница во Битола, која вчера беше уапсена на своето работно место под сомнение дека примила поткуп. Докторката, инаку познат битолски офталмолог, според обвинителството, побарала подарок од 100 евра од жител на Ресен за да изврши операција за отстранување катаракта кај неговата сопруга, интервенција која и е дел од редовните работни обврски во оваа јавна ...