Голема кражба спречи изградениот водовод до манастирот „Трескавец“ да биде ставен во функција со што и официјално обновените конаци да може да пречекуваат посетители. Пред Нова година, крадците украле кабли и електроника, токму пред да биде пуштен во употреба. Градските власти молчеа и чекаа во март да почнат со обновата на водоводниот систем на овој комплекс кој е во графата на загрозено светско културно наследство. Штетата е околу 10 000 евра. ...

Прилепските локални власти допрва ќе бараат како да ја надоместат штетата од 10.000 евра и комплексот како загрозено светско културно наследство, да биде ставен во функција. Според Игор Гулабоски, директор на Водовод и канализација од Прилеп, кражбата се случила пред Нова Година кога требало водоводот да биде свечено ставен во функција. „Пред Нова Година добивме повик од манастирот дека е направена кражба на сето тоа што е монтирано. Штетата е ...