Седницата на Собранието на Република Македонија на која за денеска беше закажана расправа за предлогот за избор на Азир Алиу за нов министер за здравство поднесен од претседателот на Владата започна со едночасовно доцнење, откако пратеничката група на Левица побара пауза, повторно актуелизирајќи го барањето за увид во исплатените патни трошоци и кирии на пратениците за 2024 година. По паузата премиерот Мицкоски го бранеше својот предлог како ...
Добивај вести на Viber „Поминаа помалку од една година, а веќе се чувствува разликата“, рече премиерот Христијан Мицкоски во Собранието во говорот за предлогот Азир Алиу да го оревземе министерството за здравство на местото на Арбен Таравари. - Започнавме со скрининг програми, ги намаливме листите на чекање, воведовме нови лекови на позитивната листа, а паралелно работиме на законски измени што ќе донесат системски ред. Истовремено се ...
Веста за избор на Алиу за министерската позиција на која претходно беше неговиот сопартиец Арбен Таравари предизвика реакции меѓу членовите на Алијансата. Оттаму денеска преку пишана реакција обвинуваат дека токму Алиу е човекот кој инсистирал Алијансата за Албанците да се поврзе со Али Ахмети, според нив тој бил прв и главен човек кој ја иницирал комуникацијата со него. ВМРО-ДПМНЕ пак го обвинуваат дека ги напуштило своите „црвени линии“ и во ...