Горди сме што денеска по осум години може да кажеме дека 27 април беше катализатор за нови промени кои што му се случија на ова општество. Тоа беше денот кога почна да се размислува различно, не со логиката за блокирање на евроинтегративните процеси, туку со логиката на компромис на којшто треба да се состои политичкото дејствување, порача денеска лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, на прес-конференција по повод упадот во Собранието ...

На денешното десетто продолжение на конститутивната седница на Собранието на Косово повторно не беа избрани ниту претседателот, ниту потпретседателите. Пратениците не го прифатија предлогот за формирање изборна комисија, што го спречи процесот на избори. Претседавајќи со седницата, пратеникот од Самоопределување, Авни Дехари, повторно побара од пратеничките групи да предложат кандидати за комисијата која ќе го следи тајното гласање. Кандидати за ...