Толпа гладни Палестинци вчера го ограбија складиштето на Светската програма за храна (ВФП) во Деир ел Балах, во централниот дел на Појасот Газа, а според првични извештаи, најмалку четворица загинаа, од кои двајца во стампедо, а двајца од огнено оружје. Од ВФП потврдија дека „орди гладни луѓе провалија во складиштето во потрага по храна“. Толпата однела вреќи со брашно и прехрана, но и палети и штици, не оставајќи ништо зад себе. На видеа од ...
Тие додадоа дека во таа прилика загинале две лица, а неколку биле повредени. „На Газа ѝ е потребно итно зголемување на помошта во храна. Ова е единствениот начин да се погрижиме луѓето да не гладуваат“, се вели во соопштението на Светската програма за храна. Видеото, за кое Ројтерс утврди дека е автентично, прикажува огромен број луѓе како се пробиваат во магацинот и вадат кеси и кутии додека се слушаат истрели. Не е јасно како луѓето загинале ...