В четврток, од 19 часот во галеријата Остен ќе се одржи разговор посветен на Коста Солев под наслов „Лунатик, љубовник, поет, револуционер“. Повод за разговорот е штотуку објавената книга „Смртопис“ од Наум Пановски, во која авторот ги опишува трите големи љубови на поетот – Малина Поп Иванова, Невенка Вуиќ и Лилјана Чаловска. „Оваа отворена средба отвора можност да се поразговара за еден краток живот, на еден човек, на еден голем поет, од еден ...

Оваa средба во галеријата Остен, дијалог и размена на мислења нема намера да го воспева, да го воздигнува или пак да го глорификува Коста Солев. Ниту да го идеализира, ниту да прави мит од него. Организаторот на оваа средба само се обидува да го открие Коста Солев како човек од крв и месо, со сите негови страсти, со сé она што го прави хумано суштество, што го прави човек. Ова е отворена средба која сака да открие некои ситни детали, погледнати ...