Дали Зоран Давитков е лицето коешто го уништило ранецот во кој бил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче? Одговор на ова прашање ќе треба да даде обвинителството, по чиј налог техничарот вработен во Народната банка е приведен во полициска станица. Токму ова лице беше посочено од обвинетиот Велибор Манев кој во завршен збор пред судот рече дека Палевски побарал од Давитков, кој бил член на партијата „Десна“ да се ослободи од т.н. пакет, а по ...
Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја изрече конечната пресуда во случајот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На денешната јавна расправа, обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев ги дадоа завршните зборови, со различни тврдења и обвинувања едни против други. Првообвинетиот Љупчо Палевски, кој од почетокот тврди дека е невин и дека процесот е политички монтиран, денеска за првпат ...