Екипата на Бутел Скопје победи во директната пресметка со ГРК Тиквеш (31-30) и така обезбеди пласман во 53. издание на Струшкиот ракометен турнир. Во мечот за трофеј, бутелци ќе играат со ГРК Охрид. Во мечот на суперлигашите како увертира за новата сезона, видовме голема драма, иако на паузата беше 15-20 за кавадарчани. Бутел му парираше одлично на Тиквеш во вториот дел и го надигра, а до посакуваната победа тимот на Горан Кузманоски дојде со ...

Ракометарите на Бутел остварија победа на Тиквеш и обезбедија место во големото финале на традиционалниот турнир што се игра во Струга. Скопскиот тим славеше со 31-30 и со тоа го освои првото место во групата Б во која беше уште и Раднички. Супер интересна беше битката меѓу Бутел и Тиквеш, решаваа детали, инспирација, голмански интервенции. На крајот Николов со девет гола беше најефикасен, голманот Стојаноски запиша девет одбрани, додека ...