Првите надворешно-политички чекори на новата Влада се со САД и Велика Британија, што директно ги побива параноичните кампањи на ДУИ и СДСМ за наводна руска закана и проруска ориентација на ВМРО-ДПМНЕ, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), Сашо Клековски во вечерашното гостување во подкастот НАТКАСТ со Љупчо Цветановски. Според него, токму договорот со Велика Британија е доказ за стратешкиот правец што го ...
„Со договорот со Велика Британија се обезбедуваат финансии за значајни сектори за Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски неколку пати нагласува дека здравството е еден од врвните приоритети за оваа Влада и тоа се покажува на дело. Во првиот пакет проекти кои се договараат се завршувањето на Клиничката болница во Штип, зграда за Медицинскиот факултет и нов студентски дом во Штип, како и завршување на кичевската болница која заедно со ...