Општина Битола, сопственик на ФК Пелистер со свечена академија го одбележа јубилејот 80 години од формирањето на клубот и 40 години од основањето на навивачката група чкембари. Пред фудбалерите од повеќе генерации на ФК Пелистер, како и гости на клубот од романскиот шампион Динамо-Букурешт, градоначалникот на Битола Тони Коњановски истакна дека е чест да се биде градоначалник во годината на јубилеите на клубот и верните навивачи. -Јавно се ...
Јавно се заблагодарувам на сите ентузијасти, фудбалски работници, тренери, спортисти кои оставиле голема трага во ФК Пелистер. Осумдесет години зелено-бела боја во Битола, тоа е Пелистер, бренд кој поврзува генерации цели 80 години и не се сомневам уште многу, многу години во иднина. Брендот Пелистер и фудбалскиот клуб сега се на стадион со полн сјај, а тоа е стадионот „Петар Милошевски“ како прекрасен дом на фудбалот. Ние ќе продолжиме со силна ...
Екипата на Пелистер го прослави 80. роденден на клубот во ревијален меч со Динамо Букурешт од Романија, кој го доби со сигурни 2-0 (0-0) со два гола кои паднаа во второто полувреме. Еден од најстарите клубови во Македонија имаше своја забава на стадионот „Петар Милошевски“, а исто така роденден прославија и навивачите „Чкембари“ кои прославија 40. години постоење. Публиката имаше што да види, а повеќе фудбал имаше во второто полувреме. ...
Битолски Пелистер денеска слави големи јубилеи – 80 години од постоењето на клубот и 40 години од навивачката група „Чкембари“, а по тој повод во Битола има пријателски меч меѓу зелените и романски Динамо Букурешт. На трибините на стадионот „Петар Милошевски“ посетата е солидна, а навивачката група на Пелистер имаше свое шоу. „Чкембарите“ со факли го прославија роденденот и јубилејот, а исто така имаше и специјална кореографија. Навивачката ...