Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потенцира дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сега се фокусирани на вториот круг на локалните избори, кога се очекува победата да биде заокружена со шеесетина градоначалници и Градот Скопје, како и на партискиот конгрес во декември. – Сега сме фокусирани на вториот круг на локалните избори. Очекувам ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да победи во сите општини каде што има кандидати за ...
„На тоа ќе ја додадеме и бројката победи во 59 општини во советите. Тоа е резултат што нè обврзува, но и мотивира да работиме уште попосветено и посилно, иако како Влада изминатите 16 месеци навистина премногу интензивно се вложивме за да докажеме дека може поинаку… Ние чуда ниту ветуваме, ниту чуда се возможни, туку веруваме дека скромно и посветено, чесно успеавме да обезбедиме историска победа на овие локални избори“, рече Мицкоски. Тој ...

