Собраниската декларација за фер и демократски избори е на дневен ред на денешната седница. Со документот партиите се обврзуваат за доследно почитување на уставно загарантираното право на граѓаните да го остварат своето избирачко право и најостро го осудуваат семејното и групно гласање. Но пред да се рагледува овој документ, во Собранието во тек е поставување на опозициски прашања. Фокус утрово е темата за следење на комуникациите на политичари, ...

Зошто не дозволите декласификација на материјалите за прислушувањето и следењето-прашање од собраниската говорница од лидерот на социјалдемократите, Венко Филипче до премиерот Мицкоски. Јавен интерес е, смета Филипче, јавноста да знае ако имало злоупотреба. Смета дека е недозволиво тоа што ниту во АНБ, ниту во Агенцијата за разузнавање пратениците не ги добија на увид спорните материјали. Некој повторно ве носи во длабокото. Не сум јас тој што ...