Охрид, 8. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети апостол Карп. Еден од седумдесетте. Следбеник и придружник на светиот Апостол Павле, од кого беше поставен за епископ на Верија Тракиска. Го проповедаше Евангелието и на Крит, каде што го прими во својот дом свети Дионисиј Ареопагит. За него свети Дионисиј сведочи дека бил човек украсен со чист ум, кротост и незлобливост и дека во видение му се ...

Охрид, 11. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Света маченичка Теодосија Тирска. Во времето на царот Максимијан, во Кесарија Палестинска стоеја еден ден пред преторијата мнозина врзани христијани. Оваа благочестива девица Теодосија им пристапи и ги фалеше и ги храбреше за маченичката смрт. Кога ја слушнаа што зборува, војниците ја одведоа и нејзе пред судијата. Разјарен судијата нареди и ѝ обесија ...

Охрид, 10. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети Никита Исповедник. Во младоста се одрече од светот и се оддалечи на монашки подвиг. Блескајќи со добродетелта како сонце, беше забележан од црковните старешини и воздигнат на архијерејскиот престол во Халкидон. Како архијереј беше особено милостив кон бедните и многу се грижеше за сираците, вдовиците и сиромашните. Кога злочестивиот Лав Ерменин ...

Охрид, 9. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети свештеномаченик Терапонт, епископ Сардиски. Мнозина Елини ги обрати во верата Христова, заради што од незнабожците беше луто мачен со глад, затвор и ќотек. Гол го положија на земја, го врзаа за четири суви колци, па немилосрдно го биеја додека не му го свлекоа месото од коските. Но, маченикот сепак остана жив, а оние суви колци зазеленеа и пораснаа ...