Младите селекции на Франција и Португалија со убедливи победи се чекираа во полуфиналето од У21 Европското првенство. „Триколорите“ во последното коло од групната фаза со 4-1 славеа над младинците на Полска. Трите бода на Франција ги обезбедија Зезе, Сисе (2) и Аблине, додека почесниот погодок за поразениот тим го постигна Мосор. Португалија беше поубедлива, односно за разлика од Франција ја сочува својата мрежа и против Грузија славеше со 4-0. ...

Дербито на денот на младинското Европско првенство ѝ припадна на Германија која ја совлада Англија (1-2) за перфектен крај на групната фаза. Иако двете селекции веќе беа пласирани, ова беше највозбудлив натпревар во групата и предизвика внимание. Германците стигнаа до предност уште во третата минута од натпреварот со голот на Ансгар Кануф кој го отвори резултатот (0-1). „Панцерите“ беа подобар тим на теренот и тоа го крунисаа со уште еден гол. ...