Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи во Прилеп и очекуваме, салите во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и во Театарот да бидат оспособени и да се надминат безбедносните проблеми, велат од најреномираниот театарски фестивал кој ги следи состојбите со затворените сали во Центарот за култура и во театарот во Прилеп. Се очекува во салите да се отстранат безбедносните пропусти. Фестивалот, кој е на прагот на ...

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи во Прилеп. Оптимист сум дека ќе се оспособат салите во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и во Прилепскиот театар, вели за МИА уметничката директорка на Фестивалот Ана Стојаноска. Пред околу еден месец Инспекторатот при Дирекцијата за заштита и спасување, поради повеќе безбедносни пропусти, ги забрани за приредби, манифестации и претстави салите во Центарот за култура „Марко ...

Ќе направиме, т.н, Музеј во движење на тројца автори од Прилеп: Благоја Ристески-Платнар, Благоја Спиркоски-Џумерко и Кирил Ристески. Сметам дека тоа е одговорот на Фестивалот што може да се прави во, условно речено, креативни времиња и предизвици кои ќе нѐ следат. Имаме можност и моќ да покажеме дека Прилеп отсекогаш бил театарски град, дека има и ќе има театарски уметници кои го водат македонскиот театар, вели Стојаноска. Македонскиот ...