Во интервју за Националниот сервис, американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер рече и оти САД е секогаш тука да работи заедно со земјава за постигнување на овие цели Ова е земја за која искрено го посакувам најдоброто, тука има многу потенцијал и навистина би сакала да ги видам сите граѓани, особено младите, како го остваруваат тој потенцијал – рече американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Македонската радио телевизија. ...

Во интервју за „Македонија наутро“, Анџела Прајс Агелер, амбасадорка на Соединетите Американски Држави во државата говори за нејзиното секојдневие, како започнува нејзиното утро, кои се предизвиците и убавините на дипломатската мисија. Тргнувајќи од утринскиот карактер на емисијата за кое е дадено интервјуто, Агелер се осврнува на нејзините впечатоци за нашата земја и нашите луѓе. Таа вели дека се вљубила во Македонија и во македонското вино. ...