Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 ноември. Денеска е Св. маченик Платон. Свети Платон потекнуваше од Галатиска Анкира, Мала Азија. Се роди од родители христијани, кои го воспитаа во Христовиот дух. Свети Платон никогаш не ја криеше својата вера, па за време на едно гонење беше изведен пред суд. Кога судијата го наговараше да принесе жртва пред идолите за да си го спаси животот, свети Платон му одговори: Има два вида ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 ноември. Денеска е Св. маченик Варлам и св. пророк Авдиј. Свети Варлам беше Антиохиец. Заради верата во Христос како Бог, беше изведен пред суд и мачен. Најпосле, мачителите на дланката му истурија жар, а одозгора ставија темјан, сакајќи да го натераат да го фрли жарот со темјанот пред идолите, па така да го натераат да ги окади. Но, Варлам долго го држеше жарот во дланката, додека ...

