Добивај вести на Viber Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) потпишаа Меморандум за соработка што ќе овозможи вклучување на студенти од ФИНКИ во практична настава во Министерството, но и поширока соработка во полето на дигитализацијата и иновациите во енергетиката во јавниот сектор. Со овој чекор, Министерството како институција задолжена за ...
Министерството соопшти дека како институција задолжена за енергетскиот сектор воспоставува формална соработка со академската заедница во насока на примена на информатички технологии и воведување современи дигитални решенија. Како што посочуваат оттаму, студентите ќе имаат можност да работат на реални проекти во рамки на Министерството, да се вклучат во анализи, развој на дигитални алатки, како и да придонесуваат во автоматизацијата на дел од ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска потпиша Меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со што започнува стратешко партнерство меѓу институцијата и академската заедница. „Кога ќе ги отворите вратите за младите – ќе ја отворите иднината“, порача Божиновска, нагласувајќи дека соработката не е еднострано насочена, туку дека и Министерството ќе учи ...