На 28.04.2025 во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Беласица“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет, управуван од А.С.(64) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од В.П.(33), двајцата од Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР. Извршен бил увид ...
Вчера во 18.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од ул.„Илинденска“ со ул.„Коста Рацин“ во општина Чашка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(66) од Велес и електричен тротинет, управуван од малолетничка од Чашка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна ...