Жителите на повеќе населби во Скопје вечерва останаа парно греење поради дефект. „Поради зголемени загуби на вода во системот и потребата од изолација на истекување вода од дистрибутивната мрежа во реонот околу улицата „Павел Шатев“ („Бихаќка“), топланите Исток и Запад нема да испорачуваат топлинска енергија во период од околу три часа“, пишува во соопштението објавено на веб страницата на „ЕСМ Снабдување“. Екипите на Дистрибуција на топлина се ...
За време на летните проби откриени се околу 80 дефекти во дистрибутивната мрежа на топлификацискиот систем кои се целосно санирани. Но, поради староста на мрежата настанаа нови пукнатини на два секундарни вода, по што одредени реони во градот, привремено останаа без топлинска енергија на 2 и на 3 октомври, соопшти Владата и најави дека до официјалниот почеток на грејната сезона, 15 октомври, сите дефекти ќе бидат отстранети. Грејната сезона ...
Утринава Водно и Скопска Црна гора се забелеа од снег. Температурите се зимски, околу 5 степени, кочан ладно е, а дел од скопјани останаа без парно греење. И додека сите кои се приклучени на парно, се израдуваа дека од 2 октомври ќе имаат топлење дома, веќе вчера се соочија со суровата вистина, греење нема. Радијаторите на дел од скопјани и вчера и денеска останаа ладни. За неиспорачување на топлинска енергија синоќа се огласија од ЕСМ ...