Таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, кого обвинителите го гонат дека помогнал со информации на Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, одговараше на прашањата поврзани со денот на грабнувањето на Вања. Обвинителство: Кога сте отишле на локацијата каде што бил последно сигналот на Вања, вие не сте излегле од автомобилот, сте одлучиле да одите во болницата, за вашето заминување кај докторот не кажавте на ...

Обвинетиот Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, доби неколку прашања од судот во поглед на обвинението кое му се става на товар. Најпрво, се интересираше како биле обезбедувани снимките со видео записите на кои се гледаат движењата на двете возила „циторен“ и „рено кангу“, со кои било извршено киднапирањето. Потоа, објасни и како украдениот „цитроен“ за него станало сомнително. Обвинетиот Александар Ѓорчевски, таткото на ...