Со неизмерна чест и одговорност стојам пред вас на овој ден кога одбележуваме 35 години од основањето на нашата партија — нашата голема, наша вечна идеја. Идејата која не прекинува, која не паѓа, која гори во срцата на секој од нас. ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка организација. Тоа е жив дух, потекло и продолжение на македонската борба за слобода и правда. Нашата партија, како легитимен и идеолошки наследник на историското ВМРО од 1893 година, ...

На одбележувањето што се одржува во Хераклеа, Мицкоски им порача на своите функционери – „не заборавајте кои сте, од каде дојдовте и кому му служите“. Воедно повика на искрена самокритика и совест кај секој член и функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Секој што мисли дека фотелјата е само лична придобивка, потенцира, нека размисли повторно. ВМРО-ДПМНЕ, напомена партискиот лидер, е вистински чувар на промените кои се неопходни. „Во овие мигови на промени, ...