По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи и да се вози одговорно. Посочуваат дека во пресрет на претстојниот празник се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на патиштата кон туристичките и излетничките места. РСБСП апелира да се почитуваат пешаците и велосипедистите како ...

Во текот на вчерашниот празничен ден (01.05.2025), а како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 613 издадени платни налози дури 132 прекршоци се однесуваат за возачи кај кои после алкотестирање било утврдено недозволено количество на алкохол во крвта. Воедно биле откриени и 114 учесници во сообраќајот кои што немале возачка ...