Претставниците на ВЛЕН одбиваат да говорат македонски јазик по втор пат откако тоа го стори директорот на инспекторатот за јазици и пратеникот Шоку. Инцидентот го повтори Зеќиија Ибраими претседателот на Алтернатива кој наводно не знаел да говори доволно добро на македонски. Инаку Ибраими ќе остане запомнет во македонската историја по неговата провокација на 27 април кога од Собранието на Република Македонија ја пееше албанската химна. ...

Ексминистерот за транспорт и врски и актуелен пратеник на СДСМ Благој Бочварски во ,,Претрес со Ландов” рече дека со Договорот со Бугарија е зајакнат идентитетот и признаен македонскиот јазик. ,,Сите одлуки овие години СДСМ ги носеше, но не и другата партија. СДСМ и кога беше на власт подаде рака за соработка за да оди државата напред.Јас знам кој сум, јас сум Македонец и зборувам македонски јазик. Придобивките од НАТО веќе ги чувствуваме”, ...