Палестински очевидци тврдат дека во градот Газа забележани се израелски војници. Според нив израелските војници биле забележани во населбата Сабра, во близина на зграда во која порано се наоѓало училиште. Израелските војници наводно се заблежани во градот Газа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри план за преземање на градот, во кој живеат околу еден милион луѓе. Израелската армија не ги коментираше палестинските наводи, ...

Израелски тенкови влегоа во нови области на периферијата на градот Газа во текот на изминатата ноќ, уништувајќи куќи и ранувајќи неколку лица, изјавија очевидци. Препорачано Тенковите влегоа во населбата Ебад-Алрахман на север од градот во текот на ноќта, каде што гранатираа куќи, принудувајќи ги жителите да се засолнат подлабоко во Појасот Газа, објави Ројтерс. Израел претходно соопшти дека се подготвува да започне нова офанзива врз градот ...