Екипата на Милан ја затвори сезоната со победа над Монца (2-0), но заради катастрофалниот пласман и фактот дека „росонерите“ останаа без место во Европа, дуелот на „Сан Сиро“ мина во специфична атмосфера. Навивачите на клубот имаа протести надвор од стадионот, а главната група „Курва Суд“ не присуствуваше на трибини. Имаше само една кратка кореографија на која групата со помош на луѓе испиша „Одете си дома“ како порака до управата, па си замина. ...

Пред последното коло во Серија А беше јасно дека Милан и Монца немаат повеќе многу да решаваат, домаќинот не се пласира во Европа, а Монца беше сигурен последнопласиран тим и без шанси за опстанок. Токму поради ова двата тима влегоа во мечот без посебна мотивација, па се очекуваше и повеќе голови, но тоа не се случи. На крајот, Милан славеше со 2-0 (0:0). Препорачано Милан од почетокот доминираше и создаваше шанси, но без реализација. ...