Христијан МИЦКОСКИ Денеска сме во посета на Берово, традиционално како и секоја година така и оваа година заедно со православните верници да го честитаме големиот празник Голема Богородица, да посакаме на сите граѓани во Македонија здравје, среќа, бериќет и успех во работата, сето она коешто ќе го посакаат, сето тоа да им се оствари. Овој ден е многу значаен за сите нас, значаен е поради две работи, прво, затоа што е голем православен празник, ...
Големиот христијански празник Голема Богородица нè потсетува на вечните вредности на семејството, љубовта, жртвата и надежта, кои со векови го крепеле македонскиот народ, посочува премиерот Христијан Мицкоски во честитката до верниците по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица. „Денеска го славиме големиот христијански празник Голема Богородица – ден исполнет со вера, духовна сила и заедништво. Овој празник нè потсетува на ...