Обвинителството истражува, полицијата чека некој да пријави бесправно градење, градоначалничката Арсовска и градоначалникот Ганиу продолжија со меѓусебни обвинувања за криминал и одработување во корист на политичка партија. МВР вели дека службена белешка за посочените објекти е направена и доставена до Обвинителството, но и дека чека на скопската градоначалничка да поднесе кривична пријава и да достави документација за двете дивограби кои ...

„Доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска тоа да го пријави, да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се откриени сомненија за незаконитости. Тоа е неопходно за да може да постапува обвинителството и да спречи евентуално компромитирање на доказниот материјал“, соопштуваат од Обвинителството. Во однос на заканите, посочуваат од Обвинителството, ...