Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 јуни. Денеска е Св. пророк Амос. Пророкот Амос потекнуваше од гратчето Текоа во Палестина. По занимање беше овчар. Како таков Бог го повика на пророчка служба. Го разобличуваше царот Озија и неговите жреци поради идолопоклонството. Кога пред врховниот жрец Амасија и син му го прорече падот на царството под Асирците, како и невољите што го стигнаа самиот Амасија зашто го наведе целиот ...

Охрид, 28. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Маченици Вит, Модест и Крискентија. Свети Вит е роден во Сицилија, од славни, но неверни родители. Модест му беше учител, а Крискентија дадилка. Свети Вит се крсти мошне рано и уште во дванаесеттата година започна голем подвиг. Ангели му се јавуваа, го раководеа и го крепеа во подвигот, а и самиот тој беше светол и убав како Божји ангел. На судијата што ...