Повеќе предмети за верификација, односно за баждарење на мерни инструменти, биле криени во фиоки во бирото за метрологија поради што државата не го наплаќала својот дел од таксите, открива КОД во вечерашното издание. Новиот директор на бирото Седад Рушани, потврдува дека таков случај имало во минатото, а тој сега ја централизирал работата и чека ревизија да утврди колку предмети не се наплатени. Во КОД вечерва и информации за мобилната ...

Во ова издание на КОД, истражуваме како работело Бирото за Метрологија . Тоа е надлежно за верификација на мерила, ваги, броила, пумпи Од неговото постоење до денеска не е извршена ревизија на оваа државна институција . Повеќе години во Бирото за метрологија имало појава, документи за верификација на мерни инструменти на приватни фирми не биле заведувани во архивата на Бирото. Оваа информација за КОД ја потврди и актуелниот директор на Бирото ...