Поранешниот македонски репрезентативец, Љупче Дориев им се врати на головите во дресот на Согдиана во шампионатот на Узбекистан. Македонецот еден месец немаше постигнато гол за Согдиана се до пресметката против Бухоро. Офанзивецот реализираше во 23 минута или поточно беше стрелец на единствениот погодок за домашниот тим во ремито од 1-1. Во оваа сезона Дориев има шест лигашки погодоци и е при самиот врв на листата на стрелци, поефикасен од него ...
Талески пред две години го напушти Вардар за да се пресели во Бенфика, авантурата во Португалија му заврши и сега повторно е во Македонија. Се шпекулираше дека ќе потпише за Охрид, но на крајот се одлучи за враќање во Вардар. „Со задоволство го потврдуваме враќањето на нашиот „бомбардер“ ФИЛИП ТАЛЕСКИ во дресот на Вардар. Уште многу вакви радости заедно да прославуваме. Добредојде Филип“, стои во објавата на РК Вардар. Талески својата кариера ...