На Ахмeти и ДУИ почна да им пречи и Охридско лето. Им сметало што на овој меѓународен фестивал, со 65- годишна традиција немало доволно Албанци. И покрај тоа што на отварањето на фестивалот, единствен висок гостин од странска држава, беше претседателот на Албанија, тоа за нив било иронично, и не било доволно за да организаторите размислат за вклучување на албанскиот јазик и култура во програмата. Иако секоја година, па така и оваа на фестивалот ...

„Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана од јавните институции на земјата, се одвива без никакво претставување на албанската култура во официјалната програма. Во една држава каде Албанците претставуваат значаен дел од населението и културниот живот, целосното исклучување на секој албански елемент од еден национален фестивал е неприфатливо и загрижувачко“, велат од ДУИ. „Официјалната програма на „Охридско лето“ вклучува ...