Ливерпул денеска ја потврди новата премиерлигашка титула, а убедливата победа над Тотенхем беше надополнета со емотивното славје со фановите по крајот на средбата на „Енфилд“. На „црвените“ им беше потребен само бод за нова титула, но со своето маестрално издание дополнително ги израдува своите фанови кои со нетрпение очекуваа крај на средбата со лондонскиот ривал. Ливерпул го освои престижниот трофеј, а заедничката прослава со навивачите беше ...

Ливерпул го декласираше Тотенхем на домашен терен и со победата од 5:1 математички ја осигура титулата во Премиер лигата, што е јубилејна 20-та за великанот од „Енфилд Роуд“. Тимот предводен од Арне Слот извонредно се адаптираше на големата промена која настана на крајот на минатата сезона, а холандскиот стручњак се погрижи сите добри методи од Јирген Клоп да бидат продолжени, но истовремно да се надоградат одредени фудбалски елементи за развој ...