Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите. „На 23 мај 1905 година, пред 120 години, со декретот на султанот Абдул Хамид Втори се прифати вистината за Власите како посебен, автохтон народ, со сопствен јазик, автентична култура и многувековно постоење на овие простори. Освен што овозможи отворање на училишта на влашки јазик во рамките на Отоманската Империја, овој чин одигра клучна ...

Премиерот Христијан Мицкоски лично и од името на Владата упати честитка по повод Националниот дел на Власите – 23 Мај. Влашката заедница, нагласува премиерот, има значајна улога во градењето и развојот на Македонија. И во историска и во општествена смисла тие се лојален дел од развојот и постоењето на државата. „Денес Власите активно учествуваат кон трансформирање на државата, нешто за коешто се обврзавме пред граѓаните. Преку заедничка работа, ...