Вардар вчера дојде до нов успех во својата клупска историја, трофеј во Купот на Македонија и тоа откако на завршниот турнир кој се одржа во Охрид го совлада лутиот ривал Еурофарм Пелистер. Овој резултат дефинитивно е важен за вардарци пред завршницата во шампионатот и дуелите со Тиквеш и Пелистер кои се на програмата оваа седмица, меѓутоа пред тие предизвици скопскиот тим одбележува титула која ќе се памети, а тоа е онаа во Лигата на шампионите. ...
Македонскиот шампион Вардар на денешен ден пред точно седум години стана европски првак во ракомет, откако во неверојатна драма во „Ланксес арена“ во Келн го совлада ПСЖ со 23-24 (12-11) и првпат застана на врвот на стариот континент. Штербик блескаше на голот на Вардар, Дибиров постигна шест гола, но целиот колектив одигра фантастично и тоа беше главната причина за огромниот успех на вардарци. Херој на натпреварот беше хрватското крило, Иван ...