Фудбалскиот клуб Тиквеш работи на засилување на тимот за следната сезона во која борбата за опстанокот ќе биде уште потешка. Кавадарчани во финишот на завршената кампања избегнаа релегација, а во следната ќе мора да бидат многу посилни бидејќи директно ќе испаднат дури три екипи, додека две ќе одат во баражот. За таа цел Тиквеш почна да работи на квалитетни и искусни засилувања. Според информациите од Кавадарци, клубот е во преговори и може да ...
Меѓу седумте засилувања има еден странец и шест македонски ракометари. Странското засилување е Урош Борзаш. Српскиот ракометар во Алкалоид доаѓа по две сезони поминати во Пелистер, па многу добро го познава македонскиот ракомет. Значајно засилување ќе биде десното крило Ненад Костески кој му се приклучува на неговиот брат Никола кој веќе е во Алкалоид. Репрезентативно засилување е и Михаил Аларов, пикерот кој има важна улога и во одбраната. ...