Одморот во странство за Владата е луксуз и нема да биде дел од новата потрошувачка кошничка. А дали може би во пресметката ќе влегува некаков аранжман за летување на домашен терен како што е седумдневниот во Дојран кој сега го има во анализата на ССМ, заменик министерот за економија не прецизираше. Кажа дека не станува збор за кратење на правото на одмор, но смета дека летувањето во странство како ставка во новата пресметка не треба да го има. ...
Универзитетска професорка Тамара Јованов со ироничен тон ја критикува економската логика на актуелната власт, особено насочувајќи ги критиките кон ДПМНЕ. Во своја објава на социјалните мрежи, таа укажува дека според ставовите на владејачката партија, одмор во странство е привилегија на елитата, додека за обичните граѓани остануваат повеќе работни места и борба за егзистенција. „Според ДПМНЕ, одмор во странство е само за елитата. Обичните ...