АЕК нема да игра на домашен терен во куп натпреварот со Олимпијакос, откако специјализираниот оддел на грчката полиција (ГАДА), објави дека нивната сала не ги исполнува безбедносните стандарди, односно не поседува камери. Оваа вест беше објавена доцна во петокот, а со оглед на тоа дека натпреварот се игра во понеделник, тоа им даде шанса на домаќините да реагираат дека нема ниту еден работен ден меѓу добивањето на насоките од ГАДА и ...

ЕХФ уште одолговлекува со носење на одлука за исходот од мечот меѓу АЕК и Алкалоид кој не беше одигран затоа што гостите не сакаа да играат. Од АЕК вината ја префрлаат на Алкалоид кој им даде значително помалку билети од бројката која требаше да ја добијат според процентот кој е впишан во правилата за гостински навивачи. Алкалоид доби 200 билети, требаше да добие 650. Грците го користат ова за да се жалат и да бараат нов меч, иако уште пред ...