Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска започнува судскиот процес против лицето обвинето за напад врз градоначалничката Данела Арсовска. Инцидентот се случи на 11 јули на улицата „Севастополска“ во Скопје, додека таа со службени лица извршувала теренска проверка по пријава за бесправна градба и нелегални приклучоци. Според обвинителниот акт, обвинетиот С.Љ. извршил грубо насилство врз градоначалничката, при што ѝ нанел телесна повреда и ...
На помалку од два метри, во судницата 23 во Кривичниот суд седнаа скопската градоначалничка Данела Арсовска и Сулејман Јамалари кој ја нападна на 11-ти месецов во скопски Чаир. Јамалари не се чувствува виновен за вербалниот и физичкиот напад, но и за заканите кон градоначалничката. „Не, не се чувствувам виновен“, рече Јамалари пред Судот. Арсовска одговараше на прашања на Обвинителството и на одбраната. Рече дека Јамалари пристигнал со ...